Ќерката на Маријана Матеус роди дете милијардер

Креаторката Маријана Матеус и бизнисменот Миодраг Костиќ во април минатата година станаа баба и дедо. Како што пренесуваат украинските и светските медиуми, нивната ќерка Дајана се породила минатиот април, но поради безбедносни причини, оваа информација ја криеле од јавноста.

Нивниот зет Дамир Акхметов е син на Ринат Акхметов, сопственик на фудбалскиот клуб Шахтјор, чие богатство се проценува на околу 16 милијарди долари.

Младиот брачен пар Дајана и Дамир се венчаа минатата година во Лондон, а креаторката ниту тогаш, ниту сега, не сакала да го коментира приватниот живот на своите деца.

„Никогаш не зборувам на тема за моите деца. Таа не сака медиумски да се експонира и јас ја почитувам таа одлука. За сето тоа што ве интересира во врска со мене, со задоволство би ви одговорила, но за децата навистина не можам. Апсолутно ништо што има врска со нив не сакам да коментирам“, изјавила Маријана пред година дена за магазинот Hellо.

Дајана и Дамир свадбената веселба ја организираа во хотелот „Дочестер“, а тој 9 април 2016 година, кога се омажила, Дајана станала една од најбогатите Србинки.

Таткото на нејзиниот маж, Ринат Леонидовиќ Акхметов, е еден од најбогатите Украинци, а империјата која ја има почнал да ја создава по падот на комунизмот во Украина.

Приказната за тоа како успеал да стане еден од најмоќните луѓе на светот е полна со контроверзи.

Акхметов поседува фирма SCM, која е една од најголемите украински финансиски и индустриски холдинг-компании, основани во 2000 година. Таа компанија денес има повеќе од 100 фирми во областа на енергетиката, банкарството, осигурувањето, телекомуникациите, медиумите и недвижностите.

Вредноста на оваа компанија се проценува од 12,8 милијарди долари до 22,7 милијарди долари.

Меtinvest, која спаѓа во рамките на SCM групата, е основа на неговиот бизнис, а се занимава со челик и рудници и е најголема украинска и една од најголемите европски фирми кои работат со челик и јаглен.

Акхметов е сопственик на фудбалскиот клуб Шахтјор Доњецк. Во 2009 година на негова иницијатива е изградена „Донбас арената“, прва во источна Европа направена по стандардите на УЕФА.

Од 2007 година Ахметов е член на парламентот и ја поддржал проукраинската влада. Ринат Ахметов дипломирал економија на Народниот универзитет на Доњецк во 2001 година.

Акхметов основал повеќе фондации кои се посветени на помош за развој на Украина, а познат е и по хуманитарните акции и донации.

Во 2011 година тој купува пентхаус во Лондон во близина на Хајд паркот од 2000 квадрати, вреден 221 милион долари. Во тоа време тоа била најскапата недвижнина на светот. Се пишувало дека потрошил уште 120 милиони на уредување. Кога овој луксузен стан е продаден Британците пишувале дека новиот сопственик доаѓа од Украина и е татко на Ахметов, кој бил рудар во рудник со јаглен. Мајка му била продавачка. Зградата ја обезбедуваат поранешни припадници на SAS едниците.

Семејството Акхметов поседува цела авиофлота. Станува збор за неколку мали авиони за приватни патувања и забава, а минатата година Ахметов ја дополнил флотата со „фалкон 7Х бизнис џет“. Ист ваков авион поседува и Владимир Путин.

 

Scroll to Top