Заради екстремно ниските температури во Амстердам замрзнаа каналите. Локалните жители решија тоа да го искористат за забава и излегоа да се лизгаат по нив. Ова е првпат да замрзнат каналите по шест години.
Сепак, локалните медиуми известија дека двајца лизгачи завршиле во болница откако се обиделе да се лизгаат на мраз кој не бил доволно цврст да ја издржи нивната тежина, па пропаднале во студената вода.