МРТ спотот на „Ај Кју“, македонскиот претставник на „Песна на Евровизија 2018“ во Лисабон, Португалија, ќе го претстави вечерва во централниот дневник.
Песната ќе биде промовирана со видео запис во Дневник 2 на МРТ со почеток во 19:30 часот. Режисер на видео спотот е Јован Куциновски. Автор на музиката и текстот на песната е гитаристот и вокал на групата, Бојан Трајковски, а за аранжманот и продукцијата се погрижи Дарко Димитров.
Евровизиската песна со наслов „Lost and found“ со којашто Ај Кју ќе ја претстават Македонија на 63. издание на Евровизија, коешто годинава се одржува од 8.до 12. мај во Лисабон, Португалија, за првпат премиерно ќе биде прикажана вечерва,недела на 11. март.
Ај Кју настапуваат во втората половина на првата полуфинална вечер на 8 мај. Конечниот редослед дополнително ќе биде одреден од страна на продуцентите на шоуто.