По шестдецениската борба со ракот сега Лорна Луфт се бори со тумор на мозокот

На актерката и пејачката Лорна Луфт (65) ќерката на американската ѕвезда Џуди Гарланд и полусестра на актерката Лајза Минели, и е дијагностициран тумор на мозокот. Се започнало со настапот во лондонскиот џез клуб, кога паднала и ја изгубила свеста.

Лорна ги заборавила зборовите на песната и монологот, пред да се онесвеси во бекстејџот во еден џез клуб во петокот вечерта.

 

Таа итно е пренесена во болница во придружба на својот сопруг Колина Фриман, кој бил загрижен за неа уште за време на настапот.Познатото лице на Бродвеј, Луфт, веќе шеста година води битка со тумор на дојката, а сега доби и нова дијагноза, тумор на мозокот.Ѕвездата од филмот „Брилијантин 2“, на само 11 години застанала на сцената, кога цо Џуди Гарланд шоуто, ја отпеа божиќната песна „Santa Claus is Coming to Town“.

Scroll to Top