Милена Дравиќ: Само јас знам како ми е без мојот Гага

На новите гробишта во Белград, вчера, на двегодишнината од смртта на Драган Николиќ, стигнаа сопругата Милена и пријателите, а од колегата дојде само Горан Султановиќ.

За актерот и белградски шмекер Драган Николиќ, кој почина на 72 години по долгата борба со болеста, вчера беше одржан двегодишен помен.

Неутешната сопруга Милена Дравиќ пристигна до неговата вечна куќа да положи бели ружи и да запали свеќа.

„Само јас знам како ми е без мојот Гага“, изјави Милена.

Таа моментно работно е ангажирана на снимањето на серијата „Комшија“. Милена по долга пауза ѝ се вратила на глумата, а во изјава за медиумите изјавила дека покојниот сопруг бил среќен поради нејзиниот успех.

Да го посетат вечното почивалиште, пристигнаа и другарите на Николиќ од кафеаната „Талија“ и колегата Горан Султановиќ, режисерот Божидар Николиќ, новинарката Радмила Станковиќ и филмскиот критичар Милан Влајчиќ, кои во знак сеќавање на Николиќ испија по една чашка ракија и разменија анегдоти од дружењето.

„Гага беше дел од мојот живот, заедно пораснавме. Беше господин секаде и во сѐ. Отиде, а се надевав дека нема“, изјави Султановиќ.

Пријателите на актерот се собраа по поменот и на ручек во кафеаната на Драган Николиќ, каде што се служело јагне, кое било често на трпезата уште кога тој бил жив.

 

Scroll to Top