Сомоне открива како ослабела 92 килограми

Симоне Андерсон им станала инспирација на многумина, а нејзините совети за слабеење сите сакаат да ги слушнат. Таа досега повеќе пати откриваше како успеала да го промени својот живот и да се ослободи од вишокот килограми.

Освен исхраната, 26 – годишната Симоне открива дека вежбањето е клуч на успехот и вели дека никако нема да се откаже од својот фитнес план.

Така, таа ги издвоила главните совети како ослабела

  1. Добра организација и подготовка за следната недела

„Секоја недела одвојувам време и однапред планирам што ќе јадам во текот на неделата, потоа одам на шопинг и подготвувам здрава храна“, вели Андерсон.

 

  1. Секогаш со себе носете шише со вода

„Забележав дека кога организмот ми е хидриран, тоа влијае врз нивото на мојата енергија.“

  1. Наместо слатки, одберете здрави грицки

„Важно е само секогаш при рака да имате некои здрави грицки, бидејќи така полесно ќе им одолеете на некои нездрави грицки.“

 

  1. Променете го начинот на живот

„Првите неколку месеци беше тешко, бидејќи тоа беше голема промена. Тогаш научив чашата вино и вечерата со пријателите да ја заменам со утринска прошетка и смути. Но, овие мали промени се одржаа долгорочно и мојот начин на живот стана поздрав.“

  1. Пронајдете тренинг кој ќе ви одговара

Симоне откри дека секој ден вежба помеѓу 45 минути и еден час, без разлика дали станува збор за тренинг за сила или кардио тренинг.

 

 

  1. Конзумирајте различни видови на намирници

Андерсон истакнува дека исхраната исто така е многу важна, а за некои намирници да не и` здодеат, таа се труди секој ден да јаде различна храна.

„Никогаш не сум исфрлила ниедна група намирници од исхраната, бидејќи тоа би било како да сум на диета. Не сакав диета, туку долгорочно да ги променам своите навики.“

  1. Вклучете ги пријателите и семејството

„Кажете им го својот план на луѓето околу себе, бидејќи тоа ќе ве „влече“ да издржите и да ги исполните вашите соништа.“

Scroll to Top