Поранешниот фудбалер на Црвена Ѕвезда, сега фудбалски менаџер Ненад Јестровиќ и неговата поранешна сопруга Тамара се испотепаа пред неговата зграда во Белград.
Ненад и Тамара, кои веќе неколку години се разведени, се скарале кога таа доаѓала да го земе својот син, кој бил кај татко му. Очевидците тврдат дека набргу и актуелната сопруга на Ненад, Мими, се вклучила во кавгата и тепачката.
Скандалот се случил пред влезот на зградата каде што неговата поранешна сопруга Тамара, според фудбалерот, дошла пијана и физички ја нападнала неговата сегашна сопруга Мими, по што таа била пријавена во полиција за насилство.
Сé уште не е познато зошто поранешните брачни партнери се спречкале, но не е тајна дека тие се лоши односи и дека нивниот развод бил бурен.