Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер ноќта меѓу саботата и неделата добија син на кого му го дадоа името Лука.
Ексфудбалерот на „Баерн Минхен“ на својот инстаграм-профил објавил фотографија на која може да се види стапалото на Лука.
„Добредојде на свет, наше мало детенце! Многу сме среќни!“, напишал Швајнштајгер.
И Ана се огласила првпат по породувањето. Таа објави фотографија од подароците што ги добија за синот Лука.
Welcome to the world our little boy 💙. Words can not describe the joy and the happiness we feel in our hearts! @BSchweinsteiger 👪 pic.twitter.com/Mk8lyJFwvh
— Ana Ivanovic (@AnaIvanovic) March 19, 2018
„Добредојде на свет, мало момченце. Не можам да ја опишам со зборови радоста што ја чувствуваме во нашите срца“, напишала Ана.