Принцот Хари покажа дека безрезервно ѝ верува на својата идна жена Меган Маркл откако одби да потпише предбрачен договор со актерката. Тој смета дека не треба да се штити во случај на евентуален развод.
„Хари ниту во еден момент не размислуваше за предбрачен договор. Тој смета дека неговиот брак ќе трае и дека нема никаква потреба да потпишува што било“, рекол близок извор до Хари.
Според британските медиуми, богатството на Хари се проценува на околу 42 милиони долари. Од нив 14 милиони се наследство од неговата мајка, принцезата Дајана. Меган, пак, поседува богатство од 5 милиони долари кое го стекнала преку актерството.