Оскаровецот Еди Редмејн и неговата сопруга Ана вторпат станаа родители. Тие ја имаат двегодишната ќерка Ајрис, а сега добија момче кое ќе се вика Лук Ричард Багшоу.
„А само што дојдовме до фаза во која почнавме речиси да се наспиваме ноќе и да се потсетуваме што значи зборот ‘сон’, оти Ајрис престана да се буди. Сега сè започнува од почеток“, рекол актерот пред раѓањето на бебето.
Редмејн наскоро го очекува премиерата на филмот „Фантастични чудовишта: злоделата на Гриндевалд“.