Емина низ солзи проговори колку е тешко да живее со децата по разводот

Емина Јаховиќ стави точка на приказната дека со децата ќе се исели од Турција и ги објасни причините за својата одлука.

Пејачката им се обрати на фановите на „Инстаграм“ на тема разводот од Мустафа Сандал, со кого има две деца.

Пејачката нагласи дека многу работи за кои се пишувало се невистинити и демантира дека со децата ќе се пресели во Нови Пазар.

„Драги мои фанови, сите кои ме поддржувате и сакате во овие тешки моменти… Сакам да ви кажам дека сите шпекулации за мене и моето преселување во Нови Пазар и животот таму не се вистинити. Својот живот, како и претходно, ќе го продолжам тука, токму во Истанбул, поради школувањето на моите деца и поради животот на кој навикнав, а во Белград и Нови Пазар ќе дојдам исклучиво од приватни и, се разбира, деловни причини“, изјавила Емина.

„За жал, не можам да ги прекинам сите шпекулации. Ние гледаме поради нашите деца сите работи да минат во најдобар можен ред и сè да биде како што било и претходно“, завршила пејачката и додала дека на својата публика ѝ подготвува две нови песни.

За потсетување, Емина и Мустафа се разведуваат по десет години брак, а пејачката на 15 февруари преку социјалните мрежи соопшти дека таа и нејзиниот втор сопруг Мустафа Сандал се разведуваат. Повеќе за тоа прочитајте на следниот линк:

 

Scroll to Top