Емина Јаховиќ се разведува, Мустафа се исели!

Емина Јаховиќ, наводно, последниве месеци проживува драма во приватниот живот зашто со сопругот Мустафа Сандал е во лоши односи.

Иако на сите начини се обидувале да си ги средат односите, како и јавноста да ја убедат дека во нивните животи сè е во најдобар ред, Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се во затегнати односи. Имено, веќе со месеци во брачната заедница не е сè како што треба, а двојката стигнала и на чекор до развод. Сè почестите несогласувања доведоа до тоа да се оддалечат, па од куќата првин се иселил Мустафа, а Емина останала со децата во луксузниот стан.

„Емина и Мустафа со разговор се обиделе да ги надминат несогласувањата. Меѓутоа, не усепале, па од станот првин се иселил Мустафа, а пејачката останала со двајцата синови Јаман и Јавуз. Тоа бил многу тежок период за семејството, а Емина и Мустафа ретко коминуцирале“, вели извор близок до пејачката.

Набргу и турските медиуми почнале да пишуваат за разводот на оваа двојка и сфатиле дека ќе бидат на удар доколку продолжат да живеат на сличен начин, но во име на семејството, Мустафа и Емина на љубовта ѝ  дале уште една шанса.

„Се смирија и продолжија да живеат заедно. Тогаш настанаа и заедничките фотографии иако во јавноста ги немаше долго. Почнаа заедно да се појавуваат на настани во Турција и така се обидоа да ги демантираат сите написи и да потенцираат дека во нивниот брак сè е најдобар ред,“ вели изворот.

Меѓутоа, повторно следуваа многубројни недоразбирања, што наводно тешко ги надминувале.

Јаховиќ последен пат во Белград се појави на промоцијата на својот албум и тогаш проговори дека со бракот е сè во ред и нема збор за развод.

Медиумите пишуваат дека првин Мустафа отишол на одмор со синовите, а потоа Емина од Лондон дошла во Белград за потоа сама со Јаман и Јавуз да замине на планина. За да не се посомнева јавноста за проблемите во бракот, тие еден на друг си ги честитаа родендените преку социјалната мрежа „Инстаграм“.

Scroll to Top