(Фото) Владимир Путин ја крие вистинската мајка во Русија?

Детството на Владимир Путин што се смета за голема мистерија затоа што јавноста не знае ништо за рускиот моќник и годините од неговото детство.

Некои се убедени дека Путин првите девет години од животот ги минал со семејство чие постоење денес тој го одрекува. Тие се убедени дека Путин детството го минал во Грузија, а не во Русија и дека се откажал од својата биолошка мајка за да го забрза патот до славата.

Ако има малку вистина во ова, многу е веројатно дека Путин никогаш не би станал руски претседател и светската историја би се придвижила во поинаков правец.

Голем број новинари тргнале во потрага по вистината уште пред 15 години, а ова се некои од нивните откритија.

Во јануари 2000 година  Чеченецот Рустам Даудов, кој работел на висока позиција во чеченската управа во Тибилиси, Грузија, запознал човек кој тврдел дека работи за грузиската известувачка служба. Тој донел фотографија од постара жена за која тврдел дека му е вистинската мајка на Владимир Путин и му предложил на Даудов да ја киднапираат и предадат на Чеченците, па потоа да побараат од младиот руски претседател да ја прекине војната во Чеченија во замена за неговата мајка.

Даудов го одбил предлогот, но почнал да се распрашува за жената. Во тоа време Путин веќе ја градел кариерата. Во август 1999 година Борис Елицин го именувал за руски премиер. Потоа Елцин се повлекол од политичката сцена, а Путин го заменил. Руските трупи во тој период ја минале границата по наредба на Путин и влегле во Чеченија, која барала независност, и ја почнале Втората чеченска војна.

Даудов во тој период ѝ влегол во трага на жената по име Вера Путин, деликатна постара госпоѓа која никогаш не ја симнувала марамата од својата глава. Таа му ја раскажала приказната од почетокот на нејзината бременост, кога ја прекинала врската со своето момче, па се вратила кај родителите во Урал. Таму го родила Путин и го криела од неговиот биолошки татко. Потоа се преселила во Метекхи каде што се венчала со Грузиецот Горгија Осепашвилја. Поради сиромаштијата Горгија сакал да се ослободи од Путин, па Вера морала да го даде на посвојување.

Даудов во разговор со мештаните открил дека сите се сеќаваат на рускиот претседател во периодот кога бил дете. Кога побарал од Вера доказ за нејзината приказна, таа му одговорила дека нема затоа што КГБ неодамна ѝ упаднала во куќата и ги собрала сите семејни фотографии ѝ и забраниле да зборува со кого било за синот.

Даудов прво сакал да ја открие вистината за чеченскиот нафтен магнат Жији Бажајеву и руската новинарка Артија Боровика. Но, за жал, кога двојката се упатила кон него за да ги видат снимките од разговорот со Вера, 17 дена пред претседателските избори на кои се кандидирал Владимир Путин, нивниот авион непосредно пред полетувањето експлодирал. Многумина сметаат дека станува збор за ликвидација.

Голем број грузиски новинари пред оваа несреќа ја објавиле приказната за Вера, но по овој настан, сите се плашеле повторно  да го споменат нејзиното име. Кога турските новинари се обиделе да ја разјаснат ситуацијата, Русите им се заканиле дека ќе го спречат договореното доставување со природен плин.

Даудов бил упорен во откривањето на вистината, па негов колега му предложил да се види со еден искусен воен известувач за да ги погледне видеоматеријалите со Вера Путин.

Репортерот се викал Антонио Русо, а утрото откако ги видел видеоснимките бил откриен мртов со врзани раце 35 километри од Тбилиси. Според аутопсијата, репортерот бил убиен околу два часот утрото, а неговите работи мистериозно исчезнале од неговата хотелска соба.

Никој не е обвинет за неговата смрт, а двајца грузиски полицајци кои сакале темелно да го истражат неговиот случај исто така завршиле мртви.

По ваквите убиства, Даудов со семејството почнал да се сели сè додека на еден негов деловен пат не се случило убиство на Чеченецот Рустам Даудов. Руска телевизија објавила фотографија од Даудов, но вистината е дека бил ликвидиран погрешен човек, нешто што го искористил вистинскиот Даудов за да се пресели на запад, каде што ја раскажал целата приказна на тамошните новинари.

 

 

Scroll to Top