Швајнштајгер и неговата сопруга Ана Ивановиќ деновиве го слават раѓањето на нивниот син Лукa.
Момчето е родено во неделата, на 18 март, во Чикаго.
Информацијата на социјалните мрежи ја објави и неговиот брат Тобијас.
Тобијас (36) е постариот брат на Швајни, кој исто како него бил фудбалер. Пред неколку години ги закачил копачките на ѕид и се посветил на тренерската работа, а сега работи со младите категории во фудбалскиот клуб Баерн Минхен.
Во една голема трагедија што се случила во 2006 година Тобијас со својот автомобил усмртил тинејџерка. Таа брзала да го стигне трамвајот и ја претрчала улицата, иако на семафорот било црвено светло за пешаци.
Тој на својот Инстаграм профил објавил фотографија со бројот 18, па се испоставило дека малечкиот Лука се родил токму тој ден (по европско време).
Во тој момент налетал Тобијас, а девојчето од силата на ударот летнало десетина метри и паднала на глава. Лекарите не можеле да се изборат за нејзиниот живот. Во истрагата е утврдено дека Тобијас не бил виновен за ваквиот трагичен настан.