Биографијата на актерот Робин Вилијамс која треба да биде објавена во мај оваа година, го привлече вниманието на јавноста после изјавата на неговата колешка Пам Дабер со која заедно глумеше во серијата „Морк и Менди“.
Во книгата 66-годишната актерка се присети на неговото лошо однесување на сетот.
„Ми правеше најодвратни работи, но не се навредив. Ми ги покажуваше гениталиите, ме плескаше, стегаше… Мислам дека тоа го правеше со многу луѓе, но беше многу забавно„, изјави актерката.
Без оглед на тоа, таа објаснува дека Вилијамс бил “магична“ личност поради што не му замерува на однесувањето, додавајќи дека дури и уживала во тоа.
-Некако ја имаше таа магија. Кога ќе го ставиш тоа на хартија, се запрепастуваш. Сепак, имаше некој сјај во тие негови очи. Би те гледал толку невино, а потоа одеднаш би те зграбил за гради и би побегнал. Со тоа требаше да се избориш. Тоа беа седумдесеттите, рече таа.
Дека тоа го правел без причина потврди и продуцентот Хауард Сторм, пишува „Бизнис инсајдер“.
-И на сред сцена знаеше да ја зграби Пам за гради и задник. Моравме повторно да ја снимиме сцената. Знаев да му речам: „Робин, тоа го нема во сценариото“. А тој ќе одговореше: „О, во ред“.
Уште еден продуцент, Гери Маршал, изјави дека се случувало Вилијамс да се соблече целосно гол.
-Би ја соблекол целата облека и би застанал пред неа додека таа се обидуваше да ја одигра улогата. Неговата животна цел беше да ја посрамоти, наведува Маршал.
-Во неговата глава немаше ништо срамотно. Тоа беше тој и мислеше дека тоа е забавно, додава Сторм.