Убиен свршеникот на кумашинката на Карлеуша

Драгоја Тришиќ (44), познат под надимакот Триша, бил убиен во заседа. Триша долго време се забавувал со една од најубавите и најпознати српски манекенки Ивана Кукруќ (37), која ја венчала Јелена Карлеуша со Бојан Кариќ во 2004 година.

Триша е убиен пред зграда во Трговската улица во Жарково.

Тој е убиен во средата околу 17 часот и 15 минути, додека минувал помеѓу зградите. Непознат напаѓач го погодил во гради со два куршума, а потоа побегнал.

 

Scroll to Top