Синот на српската фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ, Вељко, своите обожавателки на „Инстаграм“ често знае да ги израдува со разголени фотографии, а така беше и овој пат кога го покажа своето мускулесто тело.
Вељко, кој неодамна објави дека се свршил со својата девојка Багдана Родиќ, активно се занимава со бокс и тоа јасно може да се забележи.
Сега се пофали со слика од бањата, каде што позира само во боксерки, а неговите мускули и тетоважи се во прв план.