Хороскопскиот знак е виновен за вашата неуредност. Ова се петте најнеуредни хороскопски знаци.
5. Лав
Лавовите не се неуредни, туку секогаш пронаоѓаат нешто попаметно за правење. Затоа, чистењето честопати паѓа во втор план, а за овој знак би било најдобро да чисти некој друг наместо нив.
4. Бик
Биковите секогаш сакаат нивната околина да е уредна, но доколку мора да избираат помеѓу грижата за чистотата и грижата за себеси, тие ќе го одберат второто. Бикот попрвин ќе изгледа некоја добра серија отколку да чисти, а чувството на вина никогаш нема да биде доволно силно за тие да се променат.
3. Риби
Овој хороскопски знак е сосема логичен кога станува збор за чистењето – зошто мора нешто да се исчисти веднаш кога тоа може да се направи неколку дена подоцна кога ќе се собере повеќе неред? Мораме да признаеме дека ваквото мислење не е сосема погрешно.
2. Срелец
Стрелците за себе ќе кажат дека воопшто не се неуредни, туку дека имаат способност многу бргу да направат неред. Тоа ни звучи како дефиниција за неуредност, но Стрелците за себе ќе кажат дека воопшто немаат таква карактеристика.
1. Водолија
Водолиите добиваат напад на чистење и буквално знаат да го исполираат секој ќош од својот стан, но, за жал, тој напад се случува многу ретко.