Жизел Бундхен стана писателка

Жизел Бундхен стана писателка. 37-годишниот супермодел на „Инстаграм“ ја најави својата нова книга „Лекции: Мојот пат кон значаен живот“, заедно со фотографии од нејзиното детство, првите успеси во светот на модата и семејниот живот со сопругот Том Брејди.

„Со голема возбуда ви го најавувам издавањето на мојата книга ‘Лекции: Мојот пат кон значаен живот’“, напиша Бундхен. „Навраќајќи се на неколку искуства што ги проживеав во моите 37 години, тоа што го научив од нив, вредностите што ме водеа и алатките што ми помогнаа да станам тоа што сум денес, сето тоа беше многу длабоко и трансформирачко искуство.“

„Среќна сум што сум во можност да го споделам моето патување низ многу подеми и падови кои ме направија тоа што сум денес!“, додаде таа.

Бундхен беше најплатениот супермодел во светот цели 15 години, а нејзината кариера броеше над 2 илјади насловни на модни списанија и безброј ангажмани на модни ревии, сѐ додека таа не одлучи да се пензионира од модните писти во 2015 година. Таа ја заслужи почитта од модната индустрија, како и од нејзиниот сопруг Том Брејди.

На неговата фејсбук-страница за линија часовници „Том против времето“, Брејди се отвори за неговото справување за сопствената кариера давајќи ѝ голема заслуга на неговата сопруга во последните 9 година.

„Со три деца постојано се обидуваш да постигнеш сѐ, сакаш да им се најдеш и сакаш да присуствуваш на нивните натпревари во хокеј и фудбал, но истовремено мора да се посветиш и да му дадеш колку што можеш и на тимот на кој му требаш“, објасни тој. „Имам сопруга која има амбиции да постигне многу и таа патува многу.“

Книгата „Лекции: Мојот пат кон значаен живот“ ќе биде пуштена во продажба на 2 октомври.

 

Scroll to Top