Во Америка ако живееш сам ќе те третираат како криминалец

Државата Колорадо ќе ги казнува луѓето кои се независни од општествените ресурси, како што се струјата, водата и храната и ќе ги смета за криминалци.

Во Америка има сè повеќе домаќинства што живеат надвор од урбаните центри. Но, тоталитарната држава се обидува да го навикне човекот  ништо да не произведува сам и да биде зависен од компаниите, пишува naturalnews.com.

Да се живее самостојно во руралните подрачја е правило, а не исклучок. Луѓето порано знаеле како да преживеат без струја, вода, канализација или која било друга услуга што ја даваат енергетските компании.

Тие користеле дрво за затоплување и керозин за осветлување, копале бунари, изградиле помошни згради, одгледувале крави и кокошки, засадувале сопствена храна.

Сфатиле дека со ваквиот начин  на живот можат да бидат посреќни, поздрави, а истиот може да биде клучен за преживување во случај на незгода.

Идејата „живот надвор од мрежата“ е закана за државата.

Електричните компании и другите кои имаат интерес луѓето да ги прават зависни и приклучени на нивната мрежа се трудат да го оневозможат таквиот начин на живот.

Во многу места да се живее самостојно и независно се смета за криминално дело. На пример, во Колорадо, едно од најмалку населените места во државата, во одредени подрачја луѓето купуваат земја и се обидуваат успешно да живеат надвор од мрежата.

Но, властите  го криминилизираат нивниот стил на живот. Прашање на време е кога кампирањето на сопствено земјиште ќе стане противзаконско.

Се бараат дозволи за оние кои ќе посакаат да кампуваат на својата земја додека ги градат своите куќи. Дури веќе не ги ни издаваат дозволите сугерирајќи им на луѓето дека е противзаконско да живеат на сопствениот имот.

Дали работата на општинските тела е да им наложуваат на луѓето дека не смеат да живеат во шупа, шатор или комбе додека не изградат постојани домови? Мораат ли луѓето да бидат присилени да добиваат дозволи за кампирање на сопственото земјиште? Тоа се прашања со кои се соочуваат жителите кои живеат надвор од „мрежата“ во Колорадо.

Низ целата земја државните и локалните прописи им го загорчуваат животот на оние кои ќе се одлучат да живеат на самостоен начин. Иако многумина се пожалиле на фактот дека Америка не е повеќе земја каква што некогаш била, властите ги спречуваат луѓето да се вратат на стариот начин на живот, кој всушност ја има основано оваа земја.

 

 

Scroll to Top