Првата дама на Америка Меланија Трамп во пресрет на велигденските празници, ја посети детската болница на Флорида, а за време на посетата, на малите пациенти првата дама на САД им подели подароци.
Популарната Словенка била сјајно расположена, а со изборот на модната комбинација таа повторно потврди дека е исконска модна икона.
Носела црно-бел пругаст фустан, од асиметричен крој, со кој и беше нагласен струкот, а истиот Меланија го имаше комбинирано со салонки од Кристијан Лабутен. Нејзинот избор го осмислил американскиот дизајнер Адам Липес, кој чини нешто помалку од 1000 евра.
Адам Липес е дизајнер кој често го одбира Амал Клуни, а во својата гардероба има неколку негови впечатливи парчиња. Преку зимата познатата адвокатка го носела неговиот капут со крзно.
Поранешната сопруга на Доналд Трамп, Ивана изјавила во шега дека таа е неговата прва сопруга и додала:
„Вака гледано, јас сум прва дама. Ок?“, На тоа стигна одговор од таборот на Мелани:
„Првата дама својата титула има намера да го користи за да им помогне на децата, а не за да продава книги“.
Оваа посета во болницата и дружењето со децата само потврдува дека Меланија не го изгубила фокусот без оглед на трачевите кои се слушаат во јавноста во врска со нејзиниот сопруг.