Српскиот пејач Ацо Пејовиќ, кумот на Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ, веќе купил подарок за нивната свадба. На саемот за автомобили не се двоумел и, според српските медиуми, избрал автомобил вреден 50.000 евра.
Српските медиуми со големо внимание ги следат подготовките за свадбата на Филип и Александра. Неодамна објавија и вест дека наводно свадбата е неизвесна и дека Александра го изневерувала Филип со познат српски тенисер.