(Фото) Сестрата на Ивица Дачиќ глуми во „Семејно богатство“

Евица Дачиќ е помлада сестра на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, и до пред неколку години била актерка. Малкумина знаат дека Емица глумела во серијата „Семејно богатство“ каде што ја глуми секретарката Зорица. Зад себе има преку десет улоги, а последната е во серијата „Мирисот на дождот на Балканот“. Престанала да се занимава со глума 2011 година кога се вработила во Министерството за внатрешни работи.

Таа вели дека брат ѝ ѝ бил најголемата поддршка кога растеле, ама и кога решила дека ќе биде глумица. Емица тврди дека тој не ѝ помогнал да се вработи во министерството, туку дека во тоа ѝ помогнале двата завршени факултета, еден во Приштина и еден во Белград.

Scroll to Top