Ким Кардашијан деновиве промовира нов кармин од својата козметичка линија. Тоа го прави на препознатливиот, провокативен начин, кајшто носи танга, а во преден план е нејзиното газе. Но, во таблоидите во Америка веднаш се појавија фотографии каде што се гледа дека задникот на Ким воопшто не е совршен како на рекламните фотографии.
Таблоидот „УС викли“ покрај фотографијата напиша дека задникот на Ким е опуштен, огромен и полн со целулит. Нивните читатели се согласија со коментарот на магазинот и ја искритикуваа и Ким, ама и целата козметичка индустрија кои со фотошоп и лажни слики продаваат убавина.