Виолината на која свирел Моцарт како дете заедно со членови на австриската влада ќе патува во Кина, каде седумгодишно девојче ќе свири пред кинескиот претседател Си Џинпинг.
Девојчето Ана Сесилија Фис, придружена од претставници на Австрија ќе биде музички амбасадор на културата, вели претседателот на Австрија Александер ван Бален.
„Таа ќе биде брилијантна, сигурен сум“, вели Ван Бален, пред новинарите и 200 члена делегација на политичари, бизнисмени и други лица.
Се верува дека виолината е направена во 1740 -тите години и дека до 1820 припаѓала на сестрата на моцарт Марија Ана, која ја викале Нанерл, исто така била добра вилинистка.
Од 1896 година виолината била дека од фондацијата Моцартеум во Салзбург, во родната куќа на Моцарт.
Фис ќе свири во недела на државниот банкет на кој ќе присуствуваат Си и Ван дер Бален, и тоа дела од Моцарт, но и од други автриски и кинески композитори.