Не е тајна дека можете да доживеете оргазам додека вежбате во теретана, а 27 годишната водителка на радио, Поли Хардинг од Австралија јавно призна дека тоа ѝ се имало случено.
Поли Хардинг во радио емисијата “KIIS breakfast show” открила како изгледал оргазмот за време на серија вежби во теретана за кои ѝ помогнувал и нејзиниот фитнес тренер.
Вчера ми се случи нешто што никогаш до сега ми се нема случено во теретана. За време на изведувањето на една вежба доживеав оргазам. Многу ми е непријатно да зборувам за тоа”, вели Холи.
Поли објаснува дека користела нова справа во теретаната кога одеднаш почувствувала дека нешто чудно ќе ѝ се случи и тоа пред нејзиниот личен тренер.
“Требаше 15 пати да ја повторам вежбата. На 10 повторување почувствував дека се потам и дека тоа ќе се случи. Си помислив што ќе се случи ако го направам 11 – от пат…, но не сакав да изгледам слабо и не сакав да застанам. Продолжив и потоа одеднаш… Морав да се правам дека не се случи ништо”, срамежливо раскажа водителката.