(Фото) Споменик на Принц од камен и цвеќе

Кристин Стајн е автор на необичниот споменик на починатиот музичар Принц направен од цвеќе. Таа е голем фан на музичарот и пред околу две години го насликала Принц на камен. Покрај споменикот имало мала грмушка која деновиве е порасната, па кога расцветала и се споила со каменот, добила изглед на коса.

Кристин фотографијата од споменикот ја споделила преку својот твитер-профил. Фотографијата веднаш стана хит на социјалните мрежи, а освен фановите на музичарот и фановите на уметноста, за необичниот споменик пишуваа и светските медиуми.

Scroll to Top