Памела Андерсон е редовна на натпреварите на момчето Рами

Пред неколку месеци славната актерка Памела Андерсон (50) ги спакувала куферите и светлата од Холивуд ги замени со мирисот на Медитеранот, во романтичниот француски град Марсеј, во прегратката на дефанзивецот на Олимпик, Адил Рами (32).

Светските медиуми пишуваат дека романсата се проширила, па веќе одредено време тие живеат заедно. Памела го следи секој негов меч.

Иако Палема слабо стои со францускиот јазик, а исто така и Рами слабо стои со англискиот, сепак тоа не ги спречува да им биде убаво.

„Можеби јазично не се разбираме најдобро, но нашиот говор на телата е одличен“, го опишала Памела односот со Рами.

Двојката, која е 18 години разлика, се запозна претходната година на трката за VN Монако и од тогаш трае нивното дружење, кое со време минало во романса.

Рами не играше против Монпелје за викендот (0:0). Тој во друштво на Памела ги гледаше соиграчите од ложата.

 

 

Scroll to Top