(Фото) Јована и Жељко Јоксимовиќ го слават четвртиот роденден на синот Коста

Јована и Жељко Јоксимовиќ денеска го слават четвртиот роденден на нивниот син Коста.

Јована и Жељко стигнаа со славеникот и близначките Ана и Срна, а славењето се одржа во една играчница на Сењак. Гордите родители пристигнале насмеани, а особено внимание привлекол беспрекорниот изглед на Јована.

Како и секогаш, водителката ја покажала својата совршена линија и интересна модна комбинација. А уште поинтересен бил големиот отвор на нејзиниот фустан кој ги откривал нејзините витки и затегнати нозе.

Додека Јована го водела славеникот за рака, Жељко ја туркал количката со близначките.

На прославата се појавиле и братот на Жељко, Саша Јоксимовиќ, со синот, ќерката на Жељко од првиот брак со Мина Јоксимовиќ, Срџан Предојевиќ со децата, Бане Обрадовиќ, Чедомир Јовановиќ со сопругата и децата, како и многу други гости.

На забавата се појавиле и гордите баба и дедо, родителите на Жељко.

 

Scroll to Top