На листата на 26 европски града, во кои е можно да се живее со помалку од 700 евра, кој ја објавил „Бизнис-инсајдер“, се најдоа и неколку балкански градови.
Најевтините градови за живеење се наоѓаат во Србија, Романија, Украина, Русија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Македонија, Бугарија и во Албанија.
Во моментите на изработката на листата се гледала економската ситуација, културата и можноста за вработување. Според таа листа, најевтиниот град е Приштина, а најскап е Сараево.
Месечните трошоци од 700 евра, всушност, претставуваат третина од трошоците на жителите на Лондон, односно половина од трошоците на луѓето што живеат во Ливерпул, Манчестер или Глазгов.
Ова е листата на најевтини градови за живеење:
26. Сараево, Босна и Херцеговина – 680 евра
25. Казањ, Русија – 672 евра
24. Новосибирск, Русија – 670 евра
23. Варна, Бугарија – 664 евра
22. Темишвар, Романија – 664 евра
21. Нижњи Новгород, Русија – 660 евра
20. Јаши, Романија – 652 евра
19. Тирана, Албанија – 636 евра
18. Бања Лука, Босна и Херцеговина – 627 евра
17. Минск, Белорусија – 622 евра
16. Пловдид, Бугарија – 620 евра
15. Сибињ, Романија – 617 евра
14. Скопје, Македонија – 614 евра
13. Брашов, Романија – 610 евра
12. Нови Сад, Србија – 600 евра
11. Велики Варадин, Романија – 594 евра
10. Арад, Романија – 583 евра
9. Киев, Украина – 565 евра
8. Кишињев, Молдавија – 560 евра.
7. Одеса, Украина – 557 евра
6. Ниш, Србија – 542 евра
5. Крајова, Романија – 530 евра
4. Приштина, Косово – 502 евра
3. Харков, Украина – 469 евра
2. Л’вив, Украина – 465 евра
1. Днепар, Украина – 450 евра