Јувентус синоќа се прости од натпреварите во Лигата на шампионие, откако Реал Мадрид со контроверзен пенал се пласира во полу-финалето.
Јувентус во Мадрид успеа да ја надомести негативата од 0:3, а натпреварот да биде решен во продолженијата спречи Мајкл Оливер, кој во 93.минута досуди пенал за Реал.
По досудениот пенал играчите на Јуветус бурно протестираа, Кјелини на противниците им гестикулираше дека ги поткупиле судиите, а најгласниот, голманската легенда Џиџи Буфон доби црвен картон.
„Судијата не може да биде толкав циник да го уништи напорот на целиот тим. Човечко битие не може да отстрани тим каков што е овој. Ако сакаш да бидеш главен лик, седи со сопругата. Оливер има канта за отпад наместо срце“, рекол Буфон, за кого дуелот во Мадрид веројатно беше последен во неговата кариера, во Лигата на шампионите.
Wow – Chiellini suggesting that Real Madrid paid the officials. #ChampionsLeague #RealMadrid #Juventus pic.twitter.com/6zCuhLaWB9
— Roger Gonzalez (@RGonzalezCBS) April 11, 2018
(Видео) Роналдо: Не сфаќам зошто Јуве се бунеа, тоа беше чист пенал
Кристијано Роналдо остана смирен во 96. минута кога застана на белата точка и го совлада Војчех Шчесни за Реал Мадрид да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Контроверзната завршница во која Реал доби пенал во 93. минута од мечот, а Џанлуиџи Буфон беше пратен во
соблекувалната не го поколеба Португалецот. По мечот, тој изјави дека се намачиле против Јуве и дека добиле „лекција“, но дека пеналот бил апсолутно чист.
„Страдавме, но можеме да научиме многу од овој меч. Во фудбалот ништо не добиваш бесплатно, мораш да се бориш до крајот. Денеска Мадрид можеше да даде повеќе голови, но Јуве и Буфон беа добри. Победата е праведна. Не сфаќам зошто тие протестираа, тоа беше чист пенал, а потоа беше чист гол“, вели Роналдо.
Тој објаснува како останал смирен.
PENALTY!!! #RealMadrid are given a penalty in the final minute of stoppage time as Vazquez gets bundled over by Benatia in the box! Major drama. #Juventus #RMAJUV #RMJuve #UCL pic.twitter.com/vhVGQMKazt
— Jason Foster (@JogaBonito_USA) April 11, 2018
„Пулсот се забрзува, но останав смирен бидејќи знаев дека се работи за клучен момент. Во фудбалот сѐ е можно, и одиме чекор по чекор“, додава Португалецот.
Ањели: УЕФА и Колина сакаат да ги уништат италијанските клубови
Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели го обвини главниот делегат за судии на УЕФА, неговиот италијански сонародник Пјерлуиџи Колина за намерно уништување на италијанските клубови во Европа по случувањата на мечот во Мадрид.
Јувентус победија со 3:1 во Мадрид, но излетаа од ЛШ со 4:3 вкупен резултат откако судијата Мајкл Оливер реши дека фаулот на Бенатија е за пенал, по што Кристијано Роналдо смирено го реши мечот.
„Мораме да останеме смирени и да ја анализираме ситуацијата. Многу земји имплементираа ВАР-системи и кога ќе се погледнат ситуациите против италијанските клубови, како фаулот над Квадрадо, Милан на гости кај Арсенал и денеска Јувенус, јасно дека е нужно да има ВАР во Лигата на шампионите. Не се работи за поен или два, туку за полуфинале на најважниот турнир кој носи толку пари и престиж. Поради некои причини делегатот на УЕФА се обидува научно да докаже дека поставува само судии кои се против италијанските клубови. Не се работи само за Јуве, туку и за Рома против Барса, за Милан против Арсенал“, обвинува Ањели.