Ана Николиќ и нејзиниот сопруг Стефан Џуриќ – Раста се измамени наводно за околу 400.000 евра и тоа, како што наведуваат одредени медиуми, грабежот бил извршен од страна на близок соработник на раперот.
Соработникот на Раста кој со години води сметка за американскиот огранок на неговата продукциска куќа „Балкантон“ и настапите во овој дел од светот наводно ја ограбил брачната двојка во договор со неговата сопруга, која е Американка.
Соработникот на Раста бил задолжен за сите деловни работи поврзани со странство, имал овластувања за сметката на продукцијата на Раста, на која меѓу другото се таложеле и пари од прегледите на „Јутјуб“ како за песните на Ана, така и за песните на Раста и за сите издавачи во „Балкантон“.
„Раста имал голема доверба во соработникот и неговата сопруга. Му дал да располага и со средствата од таа сметка. Имало доста пари затоа што Раста одлично заработува од настапите, но и од ‘Јутјуб’. Кога дознале дека ги ограбил, тој ѝ Ана полуделе. Не ни сонувал дека соработникот ќе му забие нож во грб“, вели извор близок до Ана и Раста.
„Бидејќи имале големи овластувања, тие со недели земале пари од сметката. Раста ја открил измамата кога се обидел да извади пари од сметката и да ги вложи во својот нов албум. Забележал дека неговата пресметка за заработката не се согласува со количината пари на сметка, па почнал да истражува. Не можел да верува дека го ограбил еден од најблиските соработници. Тоа е огромна сума пари која раперот сакал да ја вложи во нивниот нов албум. Кога открил дека е измамен неговиот соработник бил во Србија, но многу брзо потоа се вратил во Америка. Раста случајот го пријавил во полиција, а неговиот тим адвокати работи на решавање на овој случај. И Раста и Ана се надеваат дека ќе успеат да ги вратат парите“, објаснува соговорникот.
Откако открил дека е измамен, Раста ја згаснал сметката на продукциската куќа. По два дена ја вратил, а покрај неа отворил и нова сметка.
Овие сознанија ги потврдиле и од пиар службата на Џуриќ.
Поради оваа случка, Раста го објави албумот со мало задоцнување, а веќе утре публиката ќе ја израдува со уште еден спот за песната која ја напишала Марина Туцаковиќ.