Саманта Фокс, најголемиот секс-симбол од осумдесеттите години, сними нова песна, Hot boy. Песната е ставена на саундтрекот на филмот „Видеомен“, кој беше промовиран пред една недела.
Британката деновиве ќе наполни 52 години, но и понатаму изгледа одлично. Фановите под видеото оставија бројни коментари, повеќето комплименти за нејзиниот секси изглед. Песната речиси никој не ја коментираше.