Крис Прат му ја исполни најголемата желба на момче болно од рак

Холивудскиот актер Крис Прат му ја исполни најголемата желби на 16-годишниот Џејкоб, кој е болен од рак. Лекарите му рекле дека има уште само неколку месеци живот, па момчето направило сè за да се запознае со омилениот актер.

„Драг свету, ова е мојот нов пријател Џејкоб Мандеј. Тој е 16-годишно дете од Њујорк со единствена и моќна приказна“, напиша Прат покрај фотографијата што ја објави на својот инстаграм-профил.

Крис поминал неколку часа со Џејкоб, се забавувале и го одвел во фризерски салон. Потоа објавил фотографија на која напишал: „Уренебесен е, искрен, чесен и силен. Го сакам ова дете. Искористете го моментот да ги гушнете своите деца“.

Крис ги замолил своите фанови да го следат Џејкоб на „Инстаграм“ оти една од желбите му е и да има многу следбеници.

Scroll to Top