Фолк-ѕвездата Јелена Карлеуша провокативните секси фотографии на своите профили ги замени со селфи со својата мајка Дивна. Иако двете жени се многу блиски, пејачката многу ретко споделува семејни слики со мајка си.
Обожавателите оставија коментари дека изгледаат како светски ѕвезди и напишаа дека Јелена многу личи на мајка си. Дивна Карлеуша на времето беше најслушаниот глас на Радио Белград, каде што работеше како радиоводителка.