Српските медиуми објавија фотографии на кои се гледа дека Наташа Беквалац го напушта семејниот дом на Дедиње. Утрово таму ја претепал сопругот Лука Лазукиќ, по што побегнал, а пејачката е однесена во болница. Наташа од дома си заминала во придружба на неколку пријатели кои во моментов се грижат за неа. Иако била облечена во долг фустан и скриена со очила за сонце, сепак на рацете се гледаат модринките добиени од ударите.
Таа, според извори на „Блиц“, на полицијата ѝ рекла дека Лука бил пијан и дека ѝ удирал шамари. Тој, според истоит извор, ја тепал и со раце и со нозе.