(Фото) Наташа Беквалац се исели од дома

Српските медиуми објавија фотографии на кои се гледа дека Наташа Беквалац го напушта семејниот дом на Дедиње. Утрово таму ја претепал сопругот Лука Лазукиќ, по што побегнал, а пејачката е однесена во болница. Наташа од дома си заминала во придружба на неколку пријатели кои во моментов се грижат за неа. Иако била облечена во долг фустан и скриена со очила за сонце, сепак на рацете се гледаат модринките добиени од ударите.

Таа, според извори на „Блиц“, на полицијата ѝ рекла дека Лука бил пијан и дека ѝ удирал шамари. Тој, според истоит извор, ја тепал и со раце и со нозе.

Scroll to Top