По неполни осум месеци брак, пејачката Наташа Беквалац утре ќе поднесе барање за развод, пишуваат српските медиуми.
Пејачката вчера поднела кривична пријава против сопругот Лука Лазукиќ кој ја претепал, а штом во понеделник почнат со работа судовите, таа ќе поднесе и официјално барање за развод за што поскоро да ја заврши драмата што ѝ се случчува, велат медиумите во Србија. Според нив, таа ќе бара целосно старателство над нивната едномесечна ќерка Катја.
Лука Лазукиќ беше уапсен вчера, а по неколку часа беше пуштен на слобода. Полицијата му забрани да ѝ се приближува на пејачката.
Според тврдењето на Наташа пред полицијата, инцидентот се случил вчера утро околу 4 часот кога Лука се вратил пијан дома, а таа нашла љубовни пораки во неговиот телефон. Почнала расправија по која тој физички ја нападнал. Од тепањето, освен модринки и гребнатини на телото, Наташа имала и потрес на мозокот.