Српската пејачка Наташа Беквалац се опоравува во кругот на семејството во станот на Дедиње откако ноќта меѓу петокот и саботата брутално ја претепа нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ.
Таткото на Наташа, Драгољуб Беклвалац се огласи во јавноста по повој настан, и кажа дека неговата ќерка има видливи траги од насилство и моментално семејството Беквалац не се чуствува добро.„
Не може човек да биде добро после вакво нешто. Никој од нас не е добро. На телото на Наташа има видливи траги на насилство и моментално мислиме само за нејзино опоравување“, раскажува Драгољуб Беквалац.
Тој вели дека моментално сите се заедно, дека Наташа е постојано покрај ќерките Хана и Катија, и цело семејство се обидува да и помогнат барем емотивно, а физичкото опоравување ќе си дојде само по себе.
„Наташа е јавна личност и моментално е во центарот на вниманието поради овој инцидент така да ве молам да не разберете, затоа што таа уште не сака да разговара на оваа тема ниту медиумски да се експонира. Можам да ви кажам да се надеваме дека токму оваа несреќа која се случи на една јавна личност ќе ги разбуди надлежните. Ние сме правна држава, верувам во нашето законодавство и се надевам дека надлежните ќе изреагираат на адекватен начин бидејќи крајно време е да се стави крај на семејното насилство“, раскажал татткото на Беквалац.
Според неговите зборови, луѓето мораат да сфатат дека насилството во семејството не го погодува само обичниот свет, туку дека тоа е проблем од широки размери на што мора да му се застане на патот.