Лихвари ја бркаат Наташа Беквалац

Лука Лазукиќ ја претепал Наташа Беквалац, а до конфликтот дошло по кавга во станот.

Првата сериозна кавга меѓу поп-ѕвездата Наташа Беквалац и нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ настана кога се дознало дека тој наводно должи сериозни пари.

Како што тврди изворот близок до ИТ-експертот, Лука должел околу 50.000 евра на одреден круг луѓе, кои повеќе не сакале да чекаат да им ги врати парите, па секојдневно го притискале.

Поради тоа што тој не ги вратил парите, повиците почнале да стигнуваат и на адреса на Наташа Беквалац.

„За тоа се зборувало на големо и претходно, само што сега целата работа ескалира. Тој им должи големи пари на некои луѓе, приближно кога ќе се собере целата сума, изнесува околу 50.000 евра. Наташа почна да добива повици од разни страни и барале од неа да ги врати парите што ги должи нејзиниот сопруг. Кога тоа го дознала, Беквалац била шокирана. Не верувало што ја снашло затоа што тоа никогаш претходно не ѝ се случило“, открива изворот и додава дека тогаш дошло до првата кавга и тепачка со сопругот.

„Наташа сакала да разговара со Лука за целата работа, но тој одбивал да зборува за тоа и тогаш, некој ден пред Велигден, дошло до кавга. Лука го напуштил станот и отишол кај родителите на неколку дена, по што Наташа и тој ги изладиле односите“, вели извор близок до Лазукиќ.

Во моментот кога помислила дека сѐ е во ред, се случил инцидентот во нивниот стан.

Со цел да ја дознаат вистината, некои од новинарите се упатиле кај родителите на Лука Лазукиќ. Пред зградата бил паркиран автомобилот на Беквалац. Вратата од семејниот дом ја отворил таткото на Лука, кој не бил претерано љубезен со новинарите.

„Збогум и пријатно“, изјавил тој и ја треснал вратата.

 

Scroll to Top