Поранешната менаџерка на Мараја Кери, Стела Булочников Стоплер, ја тужи пејачката за сексуално вознемирување. Како што наведува Стела Булочников Стоплер, Мараја константно шетала гола или полугола пред неа, како и дека во нејзино присуство правела „непристојни сексуални” работи.
Како што пренесуваат странските медиуми, поранешната менаџерка на Мараја подготвува и тужба, додека тимот на пејачката тужбите ги нарекува „неосновани”.
Стела во тужбата ќе наведе дека Марија има проблем со зависноста и дека не ги зема редовно своите лекови за биполарно нарушување.
Таа наведува и дека на суд ќе тврди дека пејачката неправедно ја отпуштила, додека трае договорот кој бил потпишан на три години, но и дека ќе и даде шанса да ги „поправи работите” пред да одат на суд.