Во центарот на Скопје, каде што повеќето организатори на концерти ги лепат промотивните постери, сосема случајно Шабан Шаулиќ стана Дејвид Боуви. На едно место се преклопиле стариот постер од трибјут-концертот за Боуви и најавата за концертот на фолк-пејачот. Па така, ликот на Шабан се спои со името на легендарниот музичар.
Фотографијата стана хит на социјалните мрежи. Коментарите на „Твитер“ се дека Боуви одлично изгледа без коса.