Баба Ваѓа ѝ ја претскажала иднината на Лепа Брена

Популарната пејачка Фахрет Живојиновиќ, позната како Лепа Брена, се потсетила на пророштвото на баба Ванѓа, жена кај која оделе бројни јавни личности, но посетите ги држеле во тајност.

Брена открила како поминала средбата со баба Ванѓа.

„Таа беше слепа, да. Ми прераскажа  четири-пет работи, а јас тогаш мислев дека целата работа ќе се одвива едноставно. Ми рече дека еден ден ќе направам голема куќа и дека големи музички имиња од Балканот ќе работат со мене“.

Брена тогаш не ни претпоставила дека ќе се омажи за тенисерот Бобан Живојиновиќ.

„Ми рече дека ќе се омажам за маж во бела униформа. Размислував за каква униформа, пекар, лекар, апотекар. Не ми падна ни на крај памет дека станува збор за тенисер. Ми рече уште некои ситници, а јас ѝ реков дека тоа нема врска со мене. Тоа беше пророштво што ми беше претскажано на мои 27 години“, изјавила пејачката за време на едно телевизиско интервју.

 

Scroll to Top