Памела Андерсон ја откри тајната на добриот секс

Педесетгодишната секс-бомба Памела Андерсон тврди дека нејзиниот сексуален живот драстично се променил кога ги променила животните навики и целосно се предала на веганството.

„Месото нѐ прави импотентни. Сигурна сум дека луѓето што секојдневно јадат месо имаат проблем во креветот, така што ги советувам да ја променат исхраната и да се препуштат на страстите на вистински начин“, изјавила Памела.

„Себеси се сметам за лош веган затоа што веднаш кога ќе здогледам кроасан, го зграпчувам и го јадам. Знам дека не смеам да јадам кроасан поради маслото и поради тоа што е направен од млеко од животинско потекло, но не можам да одолеам“, признала Памела.

„Многумина мислат дека имаат добар секс, а немаат поим како би се чувствувале кога заедно со партнерот ќе ги променат животните навики. Веганството стана дел од мене кога почнав да живеам во вилата на Хју Хефнер. Таму запознав голем број активистки за правата на животните. Бргу им се приклучив“, открива Памела.

Иако и понатаму останува на сопственото тврдење дека само еден маж не е доволен за една жена, Памела успеала со новиот начин на живеење да го заведе младиот Адил Рамиј, но и да го шокира со фантастичниот изглед.

„Тој не може да верува дека имам педесет години. Штом се запознавме, ми побара возачка дозвола за да го види мојот датум на раѓање. Сметам дека има многу млади девојки што изгледаат постаро од мене“, истакна Памела.

 

Scroll to Top