Поранешната сопруга на Берни Еклстон (87) некогашниот прв човек на Формула 1, Славица Еклстон (59), пред три години се почасти со земјиште во Дубровник, кое се наоѓа до самото море, а за кое наводно искеширала 2,5 милиони евра.
Наводно Славица со ова атрактивно земјиште се почастила за својот 57 роденден, а старата куќа која се наоѓала на тоа место, веднаш ја срушила. На новата вила градежните активности се извршуваат уште од 2016 година, а активно се спроведуваат во топ сезоната, па комшиите се побуниле поради галамата и прашината.
Славица, минатата есен пристигнала на своето градилиште и веднаш ги испеглала проблемите со комшиите.
На местото каде се наоѓала старата, камена куќа, сега стои вила која Славица ја користи како викендица, а вложувањето во истата ја чинело 550.00 евра. За да има максимална приватност, Славица се потрудила околу имотот да има подигнат ѕид од пет метри, а околу вилата се поставени посебни камери.
И Берни Еклстон имал можност да ја види вилата во 2016 година, кога престојувал со сопругата Фабиа Фоси. Поранешните сопружници се во добри односи поради ќерката, а Берни секое лето крстари низ Јаданот со својата луксузна јахта Петра.
Славица најмногу од се сака да летува во Хрватска, бидејќи е родена на овие простори, а досега омилена дестинација ѝ е Дубровник, каде доаѓа заедно со нејзините пријателки.