Шведскиот музички продуцент и ди-џеј Тим Берглинг, на широката јавност познат како Авичи, кој го освои светот со хит сингловите „Wake Me Up”, “Hey Brother”, “Levels”, бил пронајден мртов во Оман.
„Со длабока жалост и тага ја објавуваме загубата на Тим Берглинг познат како Авичи. Семејството е потресено и ги молиме сите, во ова тешко време за нив, да ги испочитуваат нивните барања за приватност. Нема да даваме повеќе изјави“, навел портпаролот.
Младиот уметник четири години се наоѓал на листата на најплатени ди-џеи според списанието „Форбс“, и во тој период заработил повеќе од 57 милиони долари. Бил номиниран за наградата Билборд, за 2018 година.
Тој два пати бил номиниран и за Греми наградите, а освен што соработувал со голем број на познати музички ѕвезди, настапувал и по најголемите фестивали за електронска музика.
Минатата година за него е снимен документарецот „Avicii: True Stories”.
Боледувал од Акутно воспаление на панкреасот, за време на алкохолизмот. Откако во 2014 година му била отстранета жолчната кеса и слепото црево, тој бил принуден да ја откаже турнејата за да се опорави.
Од 2016 година, не настапувал во живо, но продолжил да создава музика во студиото.
Починал само еден ден откако бил номиниран за Билборд наградата за најдобар денс-електронски албум „Авичи (01)“.
Откако било објавено дека еден од најпознатите ди-џеи на светот, Авичи е пронајден мртов вчера во Оман, бројни познавачи и пријатели на прерано починатата ѕвезда, јавно се простија од него. Меѓу нив беа и Емили Голдберг, поранешната девојка и најголема љубов на Авичи.
„Ајде бејби, не кревај раце од нас. Одбери ме и јас ќе ти покажам што е љубов“. Ова се стиховите од песната која Тим ја напиша за мене. Би сакала да бидам вредна за тоа и за неговата љубов. Две години колку што бевме заедно, тој ми беше мојата најблиска личност, најдобар пријател. Сега не можа да ги погледнам сликите, а да знам дека никогаш повеќе нема да му го видам лицето. И понатаму ги собирам своите мисли. Фала ви на сите за пораките за поддршка. Разбудете ме кога сето ова ќе заврши, затоа што не сакам да е реално. Почивај во мир Авичи“, напишала Емили, која со почината ѕвезда била во врска од 2013 до 2015 година.
Денеска во центарот на Стокхлом се собраа неколку илјади луѓе за да му оддадат минута молк. Нешто подоцна, во негова чест пуштена била неговата музика, а илјадници луѓе, млади и стари, запеале во негова чест.