Битолчанец ги спои српските ѕвезди Јелена Карлеуша и Лепа Брена. Камп-приколките опшиени со лимени тараби во автокампот „Крани“ ги крстил „Јелена Карлеуша“ и „Лепа Брена“ и ги огласил како вили на продажба, пренесува „Макфакс“.
Тие се една до друга и на секоја има и слика од ѕвездата по која е крстена.
Вилата „Јелена Карлеуша“ е поголема од вилата „Лепа Брена“. И двете имаат мало дворче на влезот.
Викендов беа затворени, но соседите на сите што прашуваа со насмевки на лицето им објаснуваа дека сопственикот ги ставил имињата за да привлече внимание.
Автокампот „Карни“, каде што се вилите, се подготвува за претстојната летна сезона. Се уредуваат тревниците и се поправаат штетите од зимата.