Српскиот фудбалски репрезентативец Предраг Рајковиќ ужива во љубовта со манекенката Ана Цакиќ и речиси секојдневно на социјалните мрежи покажува колку ја сака.
Ана Цакиќ во јавноста е позната по романсата со Вељко Ражнатовиќ, но таа љубов не траеше премногу долго.
Ана и Вељко раскинаа затоа што таа работела како модел и по неколку месеци работа во Либија и двајцата одлучиле дека за нив е подобро да бидат само пријатели.
Сега нејзиното ново момче постојано објавува фотографии на кои може да се забележи колку се сакаат.
Од сите девојки на Вељко, на фолк-пејачката Цеца најмногу ѝ се допаднала Ана и била многу тажна кога двајцата раскинале.