На погребот на Барбара Буш биле присутни дури пет поранешни претседатели на САД, како и актуелната прва дама на Америка, Меланија Трамп.
Џорџ Буш Помладиот, Барак Обама и Бил Клинтон биле во придружба на своите сопруги, додека Меланија Трамп пристигнала сама. На погребот присуствувал и сопругот на Барбара Буш, Џорџ Буш Постариот.
Сите коментирале дека Меланија седела покрај Барак Обама за време на погребот и дека уживала во негово друштво. По погребот објавена е необична фотографијата на која сите позираат со широки насмевки на лицата.
Многумина коментирале дека не изгледаат како да се на погреб, туку како да се нашле на заедничко дружење.
Имало и такви кои коментирале дека отсуството на Доналд Трамп дополнително ја релаксирала ситуацијата.