Англиската принцеза Кејт Мидлтон решила да ги сокрие вишокот на килограми по раѓањето на третото дете. Војвотката во јавноста го објави својот нов начин на исхрана и практикување на диета.
Кејт сака што побрзо да ослабе, но мора да се храни редовно и здраво поради доењето на бебето. Диетата на принцезата се заснова на пет порции овошје и зеленчук дневно. Да испие сок од цедено овошје без дополнителни шеќери, но не повеќе од 150 милилитри.
Дозволено и е да јаде здрави грицки за да има енергија, а супата од зеленчук, кајсии, јогурт и хумус се одлични намирници за мајките кои ги дојат своите бебиња.
Кејт не би требало да јаде риба повеќе од два пати неделно, а кофеинот планира да го избегне или максимално намали се додека го дои бебето. По 6 недели, по пораѓањето, Кејт ќе почне да работи полесни вежби за да што побрзо ги намали вишокот на килограми. Сигурни сме дека англиската принцеза овој процес на слабеење ќе го забрза поради венчавката на на принцот Хари и принцезата Меган Маркл.